За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува.
Ќе бидат обработувани само неопходните, основни податоци, се со цел да се направи онлине резервација, како и да се информираат корисниците за соодветната резервација, во согласност со добрата бизнис практика а се со цел да се пружи висококвалитетна услуга.
Вашите лични податоци нема да бидат користени за други цели, ниту до нив ќе се овозможи пристап на трети лица.
Податоци кои ќе се зачуваат за горенаведените цели:
Име, Презиме, e-mail, контакт телефон.
Обработката на Вашите лични податоци АДРИАМЕД ги врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Вработените во АДРИАМЕД се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Имаме намера да ги чуваме вашите лични податоци точни и ажурирани. Ќе ги избришеме податоците што ги имаме за вас, кога веќе нема да ни бидат потребни.
Ние ќе ги чуваме вашите податоци не подолго од 1 година по нашата последна комуникација со вас, по што тие ќе бидат избришани или анонимизирани. Контактирајте нѐ за повеќе информации.
Информации кои се собираат автоматски:
Одредени информации се добиваат автоматски секој пат кога ќе стапите во контакт со нас на интернет-страницата или по пат на електронската пошта која ја разменуваме. Технологиите кои се користат за автоматско собирање на информации може да бидат, на пример: IP-адреси, „колачиња“.
IP-адреси: IP-адресата е број кој му се доделува на Вашиот компјутер секогаш кога ќе пристапите на интернет. Целокупната идентификација на интернет се одвива преку IP-адресите, кои овозможуваат компјутерите и серверите да се препознаваат и да комуницираат меѓусебно. Податоците за IP-адресите се прибираат заради известување деловни партнери и/или добавувачи за перформансите на интернет-страницата или поради подготовка на дополнителни анализи поврзани со работата на интернет-страницата.
„Колачиња“: „колаче“ е дел од информација која автоматски се поставува на тврдиот диск на компјутерот кога пристапувате на одредена интернет-страница. На тој начин серверот го идентификува Вашиот интернет-пребарувач. „Колачињата“ ни овозможуваат на серверот да чуваме информации кои ни овозможуваат да Ви го олесниме пристапот до интернет-страницата, како и да вршиме анализа на страницата. Најголем дел од интернет-пребарувачите е приспособен така да ги прифаќа „колачињата“, иако постои можност да го приспособите Вашиот пребарувач да ги одбива „колачињата“ или да Ве извести секој пат кога е пратено „колаче“. Имајте предвид дека е можно одредени делови од нашата интернет-страница да не функционираат ако Вашиот пребарувач ги одбие „колачињата“.
„Колачињата“ и другите технологии кои се користат за следење на интернет-сообраќајот не генерираат автоматски лични податоци врз чија основа може да бидете идентификувани.
Доколку разменувате електронски пораки, телефонски разговори или други електронски комуникации со нашите вработени и други членови на персоналот, нашите системи за информатичка технологија ќе ги евидентираат деталите за овие разговори, понекогаш вклучувајќи ја и нивната содржина.
АДРИАМЕД има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страна adriamed.com.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет страната.
АДРИАМЕД ДОО Скопје
Датум на ажурирање 07.2021